АНКАРА
Во писменото соопштение на прес-центарот на операцијата „Вулкан на гневот“, што ја води Усаме Џувејли, командантот на операциската единица од запад на либиската Армија која е дел од Владата на национално единство, се истакнува дека ја презеле контролата врз базата „Ватија“, која беше окупирана од милициите на Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џувејли кој ја води операцијата, за локален телевизиски канал даде изјава во која информираше дека базата што се наоѓа југозападно од главниот град на брз начин била вратена назад, без отпор од страна на милициите на Хафтар и без жртви.
Либиската војска соопшти дека во базата спасена од рацете на милициите на Хафтар е запленет систем за воздушна одбрана „Панцир“ од руско производство кој бил обезбеден од страна на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), додавајќи дека откако ќе се осигура безбедноста во околината, базата ќе биде ставена во служба на војската.
Од друга страна, на социјалнтие мрежи се објавени кадри од внатрешноста на базата, на кои може да се забележи дека се уништени авионите сместени во хангарите на базата.
Освен тоа, на видео снимките се гледа дека милициите на Хафтар, напуштајќи ја базата зад себе оставиле голем број ракетни фрлачи, вооружени возила и големи количества муниција.
Мухамед еш-Шериф, началникот на Генералштабот на Либија за локалните медиуми изјави дека по операцијата за заземање на воената база Ватија следи операција за расчистување на милициите од стратешки важниот град Техрјун, сместен јужно од главниот град Триполи.
Базата Ватија се наоѓа 140 километри југозападно од главниот град, на површина од 50 квадратни километри и е од стратешко значење со своите авионски писти адаптирани за воени авиони, хангари, танкери за гориво, магацини за возила и капацитет за 10.000 војници.
Вооружените беспилотни летала на либиската војска последиот месец дена извршија над 100 воздушни операции врз собирните точки, магацините за оружје, камиони со муниција на милициите на Хафтар околу воената база.
Особено последните 48 часа, вооружените беспилотни летала на либиската војска спроведоа 3 одделни операции во кои цел беа системите за воздушна одбрана „Панцир“ од руско производство кои ОАЕ ги обезбеди за милициите на Хафтар, од кои два поставени во базата и еден поставен јужно од градот Сирт. Се дознава дека во овие операции се погодени и вооружени возила и камиони со муниција на милициите на Хафтар.
Либиската војска инфорираше дека вчера наутро собориле вооружено беспилотно летало од кинеско производство „Wing Loong II“ кое на милициите на Хафтар им го обезбедиле ОАЕ.
Либиската војска претходно на двапати започна операции со цел да ја ослободи воената база „Ватија“, но потоа даваше соопштенија дека операциите се суспендираат.
Либиската војска првпат, под слоганот „спас на животите на цивилите“, на 25 март ја започна операцијата „Мировна бура“ под водство на Усаме Џувејли, успевајќи да влезе во базата, но подоцна се повлече. Либиската војска која со својата авијација има надмоќ над милициите на Хафтар, секојпат го стегаше обрачот околу базата и на 5 мај започна уште една операција, но кој крајот на денот објави дека базата ќе ја држи под опсада.
Измина година дена откако Калифа Хафтар во април 2019 година им издаде наредба за напад на милициите кои се под негова команда, по последователните загуби додадена е и загубата на стратешката точка, базата Ватија.
Војската на Либија со операцијата „Бура на мирот“ ја смени политичката рамнотежата во судирите, ослободувајќи површина од 3.000 квадратни километри која се протега во западниот дел на земјата, од главниот град Триполи до границата со Тунис.
Со цел да ги скрие своите загуби, Хафтар во подрачјата што се под негова контрола, ги повика своите поддржувачи да излезат на улици, по што себе си се прогласи за „претседател на државата“.
По загубата на базата Ватија, милициите на Хафтар кои останаа во градот Терхјун кој е под опсада, ги чекаат потешки денови бидејќи либиската војска со своите вооружени беспилотни летала се подготвува да ги прекине линиите за снабдување.
Експертите што ја следат ситуацијата во Либија проценуваат дека Хафтар кој до денес на локалните и странски сојузници „им ветуваше последователни победи слично на бисерна нишка, со почетокот на неговото повлекување, ќе има потешкотии во убедувањето внатрешните и надворешнтие сојузници“.
Хафтар, лидерот на пучистичките милиции во април 2019 година по издадената наредба за напад на Триполи, интензивно ја користеше базата Ватија при бомбардирањето на главниот град и неговата околина со воени авиони.
Либиската војска на 25 март ја започна операцијата „Бура на мирот“ ја отстрани предноста што милициите на Хафтар ја имаа користејќи ја базата Ватија, но базата Ватија продолжи да ја чува својата стратегиска важност бидејќи станува збор за голема и многу заштитена воена област среде пустина.
Базата „Ватија“ која е отворена во текот на Втората светска војна во 1942 година под името „Укбе бин Нафи“, во Либија важи за втора по важност воздухопловна база по аеродромот Митига. Покрај тоа, Ватија е единствена база во Либија од која не се извршуваат цивилни летови.
Милициите на Хафтар од август 2014 година досега, приближно 6 години ја користеа оваа база како „Команден центар за операциите на западот од земјата“.
Војската на Либија со вооружените беспилотни летала од турско производство, на 3 април изведе воздушна оперција врз базата Ватија во која уништи 3 воени авиони Su-22 поставени покрај хангарите и голем број возила, тешко вооружување и објекти на милициите на Хафтар.
Споменатата операција во која им беа зададени тешки загуби на силите на Хафтар, одигра значајна улога во преземањето на надмоќта врз подрачјата западно од Триполи од страна на либиската влада.
Воздушната база, од која може да се контролираат сите западни региони во Либија, им овозможува на воените авиони што полетуваат од тука, доколку е потребно да изведуваат операции во Тунис и Алжир, без да наполнат гориво.
Базата, изградена од страна на Американците во 1942 година, има инфраструктура со капацитет за 7 до 10 илјади војници. Додека другите воени бази во Либија ја имаат важност според градовите во кои се наоѓаат, Ватија се истакнува со географската карактеристика на регионот во кој се наоѓа.
Во времето на владеењето на соборениот лидер во Либија, Моамер Гадафи, во база Ватија се наоѓаше воздушната флота со француските повеќенаменски борбени авиони „Dassault Mirage 2000“.
За време на интервенцијата на НАТО во 2011 година, спроведена под името „Арапска пролет“, во Ватија уништени се авиони, воени муниција, системи за воздушна одбрана и радари, но инфраструктурата на базата не е оштетена.
Воздухопловната база Ватија има систем во кој може да се складираат доволно животни материјали за подолг период. Покрај тоа, при судири и одбрана, подолг период не е потребно снабдување со оружје и муниција.
Со заземањето на Ватија, либиската армија покрај тоа што поседува безбедна база, отвора пат аеродромот Звара, сместен западно од главниот град да биде алтернатива за цивилни летови на аеродромот Митига.
Регионалните експерти кои ја следат ситауцијата во Либија оценуваат дека од витално значење е да се одржи контролата врз базата Ватија, за да може владата да ги задржи придобивките што ги врати во западниот дел на земјата. Во спротивно, базата би можела повторно да се стане голема закана на силите на Хафтер.
news_share_descriptionsubscription_contact


