Ahmet Gürhan Kartal,Büşra Nur Çakmak
08 Септември 2022•Ажурирај: 09 Септември 2022
ЛОНДОН (АА) - На 96-годишна возраст почина британската кралица Елизабета Втора, соопшти Бакингемската палата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Кралицата почина мирно во Балморал попладнево“, соопштија од палатата.
„Кралот и кралицата ќе останат во Балморал оваа вечер, а ќе се вратат во Лондон утре“, се додава.
Кралицата имаше проблеми со подвижноста и здравјето во последните 12 месеци поради старост.
Таа мораше да откаже многу ангажмани поради здравствените проблеми и по совет на лекар.
Нејзиното последно појавување во јавноста беше за време на прославата на Платинестиот јубилеј во јуни, по повод 70 години на британскиот трон.
Во денешното претходно соопштение беше објавено дека кралицата била под „медицински надзор“ на имотот Балморал во Абердиншир, Шкотска.