Aida Cako
03 Јуни 2025•Ажурирај: 04 Јуни 2025
СКОПЈЕ (АА) - Безбедносната служба на Украина (СБУ) соопшти дека извела специјална операција насочена кон подводните носечки конструкции на Кримскиот мост, предизвикувајќи сериозна штета на инфраструктурата, јавува Анадолу.
Русија ја започна својата таканаречена „специјална воена операција“ на 24 февруари 2022 година, со тврдења дека ја спроведува за да ги заштити луѓето во источниот дел на Украина.
Оттогаш милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови, илјадници останаа без покрив над главата, а стотици медицински и образовни установи беа уништени.
Според најновиот извештај на Мисијата за следење на човековите права на Обединетите нации во Украина (HRMMU), загинале најмалку 12.654 цивили, а 29.392 лица се повредени од почетокот на руската инвазија.
Во меѓувреме, Украина, исто така, одвреме-навреме возвраќа со свои напади врз различни делови од руската територија.