Hakan Çopur
25 Јануари 2018•Ажурирај: 26 Јануари 2018
ВАШИНГТОН (АА) – Соопштението што Белата куќа го даде по синоќешниот телефонски разговор меѓу претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика реакции бидејќи на американската јавност не ѝ е презентирана точната содржина на разговорот, јавува Anadolu Agency (AA).
Турски претседателски извори наведуваат дека во соопштеието на Белата куќа не се дадени точни информации, бидејќи американскиот претседател Трамп, во врска со операцијата во Африн, не ја изразил својата „загриженост поради зголеменото насилство”, додавајќи дека во текот на телефонскиот разговор, не е кажано ништо друго освен што се разменети мислења за споменетата операција.
Во разговорот е истакнато дека нема можности за судири, иако во сирискиот град Мунбич, во помала мерка, постои воено присуство на САД.

Во соопштението издадено од страна на САД се наведува дека во разговорот станало збор за временското ограничување на турската операција во Африн.
Претседателските извори на Турција наведуваат дека на средбата е побарано елементите на ПЈД/ПКК, да се повлечат источно од Еуфрат, како што претходно било ветено, додавајќи дека доколку дојде до тоа, тогаш Мунбич, од заканата на ДЕАШ ќе биде заштитуван од турските војници, поддржани од страна на Слободната војска на Сирија.
„Претседателот Ердоган ја нагласи потребата САД да ја прекине поддршката и праќањето оружје за ПЈД/ЈПГ во рамките на борбата против тероризмот. Трамп на тоа одговорил дека повеќе не се испраќа оружје на ПЈД/ЈПГ, ниту ќе се испраќа во иднина”, наведуваат изворите.
„Трамп не зборуваше за ‘деструктивните и лажни изјави кои доаѓаат од Турција’. Тој рекол дека отвореното критикување на САД, кај нив предизвикало непријатност. Ердоган на тоа рекол дека американските политики, почнувајќи од испраќањето на оружје на терористиката организација ПЈД/ЈПГ, па сè до давањето засолниште на лидерот на ФЕТО, предизвикале сериозна огорченост во Турција”.
„Трамп го спомена и приведувањето на некои американски и турски државјани, вработени во американската Амбасада во Турција, барајќи нивно ослободување. Претседателот Ердоган на тоа одговорил дека Турција е правна држава, додавајќи дека споменатите случаи се наоѓаат пред суд, додавајќи дека судот ќе донесе конечна одлука за завршување на постапката”, наведуваат изворите.