Hakan Çopur
19 Мај 2018•Ажурирај: 20 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, се состанаа во Белата куќа, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие разговараа за Сирија, Северна Кореја, Иран и за Обединетите нации (ОН).
Трамп на средбата ја изрази својата поддршка за Гутереш во однос на поефикасно и попродуктивно работење на ОН, истакнувајќи дека и во наредниот период, ќе продолжат заедно да работат за клучните прашања на меѓународен план.