Ömer Tuğrul Çam
05 Мај 2021•Ажурирај: 06 Мај 2021
БРИСЕЛ
Кралот на Јордан, Абдула II, го посети штабот на НАТО во Брисел, Белгија, и се состана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кралот Абдула пред состанокот му се заблагодари на НАТО за поддршката на неговата земја. Тој потсети дека Јордан има долгорочни односи со НАТО и дека таа земја во многу делови на светот стои рамо до рамо до силите на НАТО.
Тој истакна дека се присутни низа потешкотии кога е во прашање иднината во регионот и додаде дека Јордан пред тие потешкотии ќе стои рамо до рамо со НАТО.
Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, изјави дека Јордан е близок и важен партнер.
Тој истакна дека војниците на НАТО и Јордан се ангажирани на Балканот, во Авганистан и Либија, и додаде дека Јордан значително придонесува на мисиите и операциите на НАТО.
Столтенберг порача дека НАТО ќе продолжи да пружа поддршка на Јордан. Според неговите зборови, Јордан е значаен извор на стабилност во регионот и дека сакаат да ги продлабочат односите со таа земја.