Ahmet Gençtürk
04 Март 2022•Ажурирај: 05 Март 2022
АНКАРА (АА) - Белорусија денес соопшти дека не учествува и нема да учествува во руската војна против Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Обвинувајќи го Западот дека се обидува да ја втурне Белорусија во војна, претседателот Александар Лукашенко рече дека неговата земја нема да учествува во „непријателствата“, јави украинската државна новинска агенција Укринформ.
Војната на Русија врз Украина, која започна на 24 февруари, наиде на остра меѓународна осуда, а Европската Унија, Соединетите Американски Држави и Велика Британија воведоа строги финансиски санкции кон Москва.
Агенцијата за бегалци при Обединетите нации соопшти дека над 1,2 милиони луѓе пребегале од Украина во соседните земји.
Во втората рунда од мировните преговори меѓу Москва и Киев, којашто се одржа вчера, двете страни се договорија за создавање хуманитарни коридори за евакуација на цивилите.