Erbil Başay
29 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
БЕРЛИН (АА) - Само две секунди недостигаа за и овогодишниот маратон да заврши со светски рекорд во една од најпредизвикувачките атлетски дисциплини, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Берлин денеска се одржа 46. маратон на кој во машка конкуренција победа славеше Етиопјанецот Кенениса Бекеле.

Бекеле ја истрча маратонската патека за 2 часа, 1 минута и 41 секунда (2.01.41) и за само 2 секунди беше побавен од светскиот рекорд кој минатата година на истото место го постави кенискиот спортист Елиуд Кипчоге.
Сонародниците на Бекеле, Бирхану Легесе и Сисај Лема, го освоија второто и третото место.
Во женска конкуренција во Берлин исто така победи атлетичарката од Етиопија, Ашета Бекере.
Втора беше уште една Етиопјанка, Маре Дибаба, а на третото место се искачи и Кенијката Сали Чепјего.
На Берлинскиот маратон денеска учествуваа речиси 47.000 спортисти и рекреативци од целиот свет.