Alaattin Doğru
19 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
ДАКАР (АА) - Кон крајот на јули, во источниот дел на Демократската Република Конго (ДРК) дојде до појава на епидемија на ебола, од која само во последните 5 дена починаа 21 лице. Со последните жртви, бројот на починати од оваа болест се искачи на 271, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според последните податоците со кои располага Министерството за здравство на ДРК, епидемијата, која започна во источниот дел на земјата, се проширила и во провинцијата Итури. Од почетокот на епидемијата досега забележани се 542 случаи на крвавење и висока температура.
Откриено е дека од овие случаи, 494 лица го носат вирусот на ебола.
Во последните 5 дена, 21 лице ги загубија животите, со што бројот на загинати се искачи на 271.
Од настанатата епидемија на ебола оздравеа 192 лица кои беа заразени од овој вирус.
Освен тоа, постојат уште 48 случаи на крвавење и висока температура, но не е утврдено дали симптомите се предизвикани од вирусот на ебола.
На 8 август во подрачјето започна кампања за вакцинирање и досега се вакцинирани 48.781 лице.