Nuri Aydın
18 Мај 2022•Ажурирај: 19 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Болестите поврзани со загадувањето предизвикале 9 милиони смртни случаи низ светот во 2019 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во студијата, објавена во „Лансет планетари хелт“ (The Lancet Planetary Health) истражувани се смртните случаи од болести поврзани со загадувањето во 2019 година.
Болестите поврзани со загадувањето се причина за 9 милиони смртни случаи во 2019 година низ целиот свет.
Во Индија од загадувањето се регистрирани околу 2,4 милиони, додека во Кина околу 2,2 милиони смртни случаи.
САД, пак, со 142.883 загуби рангирани се на седмо место меѓу земјите со најголем број смртни случаи од болести поврзани со загадувањето.
Стапката на смртност од болести поврзани со загадувањето низ светот во 2019 година изнесуваше 117 на 100.000 луѓе.
Чад и Централноафриканската Република се рангирани на прво место со околу 300 смртни случаи од болести поврзани со загадувањето на 100.000 луѓе.
Од друга страна, во Брунеи, Катар и Исланд регистрирана е најниска стапка на смртност, од 15 до 23 смртни случаи.
Загадувањето на воздухот поврзано со индустријата е причина за смртта на околу 2,9 милиони луѓе во 2000 година, 4,2 милиони луѓе во 2015 година и на 4,5 милиони луѓе во 2019 година.
Во истражувањето се наведува дека загадувањето на водата во 2019 година предизвикало 1,4 милиони смртни случаи, додека загадувањето со олово е причина за смртта на 900.000 луѓе.
Студијата, исто така, покажа дека загадувањето предизвикува ист број смртни случаи како пушењето и пасивното пушење.
Филип Ландриган, директорот на Глобалната програма за јавно здравје на Бостонскиот колеџ и Глобалната опсерваторија за загадување, рече дека загубата на 9 милиони луѓе е огромна и дека бројот на смртни случаи од болести поврзани со загадувањето не е намален.
Според него, бројот на починати е приближно ист како во 2015 година и дека овие смртни случаи може да се спречат.
„Гледаме дека индустриското загадување на воздухот и хемиското загадување сѐ уште се зголемуваат“, рече тој.
Ландриган нагласи дека три четвртини од смртните случаи се предизвикани од аерозагадувањето.
Исто така, Ландгриган истакна дека најголем дел од аерозагадувањето е предизвикано од електрани на јаглен, челичарници и возила.