İlkay Güder
12 Јули 2018•Ажурирај: 12 Јули 2018
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Белгија се сретна со премиерот на Италија, Џузепе Конте, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган, вториот ден од Самитот на НАТО, кој се одржува во Брисел, ги продолжи билатералните состаноци. Во тие рамки тој разговараше и со италијанскиот премиер.
На состанокот присуствуваа министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар и заменикот на генералниот секретар на Канцеларијата на турскиот претседател, Ибрахим Калин.
Средбата траеше 40 минути.