Hasan Esen
27 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
ЛОНДОН
Британските имигранти, кои живеат во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), ги продаваат своите имоти и почнаа да се враќаат во Велика Британија поради тоа што ја изгубиле работата како резултат на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на весникот „Телеграф“ (Telegraph) се наведува дека иако економијата на ОАЕ, што беше погодена поради мерките преземени против Ковид-19, повторно е отворена, се претпоставува дека се потребни долги години за нејзиното закрепнување.
Во истражувањето на Универзитетот „Оксфорд“ се предвидува дека во ОАЕ, чие население брои околу 9 милиони жители, 900.000 лица ја изгубиле својата работа, и се вели дека можно е британските имигранти да се меѓу најмногу погодените страни.
Имигрантите во Дубаи, кои поради мерките преземени против Ковид-19 останаа без работа, ги продаваат своите имоти, a меѓу нив се и илјадниците британски имигранти што ги продаваат своите имоти пред да го напуштат Дубаи по завршувањето на нивната виза.
Селина Диксон, маркетер на модни прозиводи, која 11 години живее во ОАЕ, во изјавата за овој весник нагласи дека пред неколку недели била отпуштена од работа. Таа рече дека сега живее со парите што ги собрала порано.
Според Селина, за неколку недели ќе заврши рокот на нејзината виза, и доколку не најде работа не ќе може да го продолжи времетраењето на визата за престој.