Felıx Nkambeh Tıh
17 Февруари 2020•Ажурирај: 18 Февруари 2020
АНКАРА (АА) - Најмалку 24 лица загинаа и 18 други се повредени во нападот на црква во северниот дел на Буркина Фасо, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Моменталната бројка на загинати лица изнесува 24, вклучувајќи го и пасторот на црквата“, локалните медиуми го цитираа полковникот Салфо Каборе, гувернерот на регионот Сахел, кој исто така изјави дека 18 лица биле повредени и киднапирани.
Неидентификувани вооружени машки лица извршија напад во црква во покраината Јагха во регионот Сахел за време на верски обред.
„Повредените се евакуирани во Себа и Дори за да им се пружи соодветна нега“, додаде Каборе.
Буркина Фасо се соочува со забрзано влошување на хуманитарната состојба.
Според податоците на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните активности, во октомври 2019 година регистрирани се над 486.000 внатрешно раселени лица, што е двојно зголемување на бројката од јули 2019 година. Централносеверниот Регион и регионот Сахел во Буркина Фасо се најмногу погодени.
Вонредната состојба во Буркина Фасо, која заврши на 12 јануари е продолжена за уште една година, за да се зајакне борбата против тероризмот.
Во моментот е имплементирана во 7 од 13 региони на земјата.