Nilay Kar
13 Јуни 2018•Ажурирај: 14 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Бројот на жртвите од ерупцијата на вулканот Фуего што се случи на 3 јуни се зголеми на 114, пренесува Anadolu Agency (AA).
Денес медиумите објавија дека досега се пронајдени телата на 114 лица, додека над 150 лица сè уште се водат како исчезнати.
„Спасувачките акции сè уште траат и покрај тековната вулканска активност која носи континуиран проток на лава, отровни гасови, топол пепел и карпи", рече портпаролот на УНХЦР, Андреј Махечиќ, на својот брифинг.
Како резултат на вулканската ерупција, над 4.000 лица се згрижени во засолништа.
Од ерупцијата се погодени околу 1,7 милиони луѓе.