Mohammad Fahim Abed
08 Мај 2016•Ажурирај: 09 Мај 2016
КАБУЛ (АА) - Бројот на загинати во судирот меѓу двата автобуси и цистерна со гориво на главниот автопат во Авганистан се искачи на 73, додека бројот на повредени лица засега изнесува 13, соопштија авганистанските власти, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено во соопштението на авганистанското министерство за здравство, несреќата се случила во населеното место Mукур, кој е во состав на покраината Газни.
Во соопштението се вели дека повеќето од повредените се во критична состојба.
Претходно беше наведено дека според документацијата во двата автобуси во моментот на несреќата се наоѓале 125 патници.