Sayed Khodaberdi Sadat
24 Јули 2017•Ажурирај: 25 Јули 2017
КАБУЛ (АА) - Во авганистанскиот главен град Кабул беше изведен бомбашки напад со возило-бомба, во којшто бројот на загинатите се искачи на 35 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните претставници соопштија дека утрово, во 7.00 часот по локално време (04.30 по централно европско време), во подрачјето Пул-и Сохта во Кабул експлодира возило во моментот кога покрај него минувал минибус што превезувал вработени од Министерството за рударство.
Официјалните претставници соопштија дека досега, како последица од експлозијата починале 35 лица, а повеќе од 40 се повредени.
Се дознава дека дел од повредените се во тешка здравствена состојба.
Одговорноста за нападот ја презеде талибанската организација, чиј портпарол тврди дека во нападот се убиени 37 вработени на службата за разузнавање.
Од јачината на експлозијата, скршени се прозорците на зградите во околината, а 3 возила се уништени.
Нападот беше осуден од страна на претседателот на Авганистан, Ешреф Гани.