Fatma Esma Arslan
10 Ноември 2021•Ажурирај: 12 Ноември 2021
ДАКАР
Бројот на децата кои ги загубија животите во пожарот во училиштето во градот Маради, во јужниот дел на Нигер, се искачи на 28, известува Агенција Анадолија (АА).
Алкаче Алхада, министерот за внатрешни работи на Нигер, кој вршеше истраги во регионот, објави дека бројот на ученици кои ги загубија животите во пожарот е зголемен на 28.
Во пожарот што избувна на 8 ноември во градинка во Маради, според првичните информации, животот го загубија 25 деца на возраст од 5-6 години.
Иако не се знае причината за избувнување на пожарот, се претпоставува дека пламенот брзо се проширил поради тоа што училниците се опколени со слама.
Во Нигер, една од најсиромашните земји во светот, често се среќаваат училници кои се изградени од дрвени материјали и слама.
Во овие училници одвреме-навреме избувнуваат пожари со фатални последици.