Ekipa
19 Јуни 2017•Ажурирај: 20 Јуни 2017
ЛОНДОН (АА) - Шефот на лондонската полиција, Стјуарт Синди, соопшти дека утринава билансот на смртно настраданите жртви во пожарот во 24-катниот облакодер е зголемен на 79 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Претходно се мислеше дека во пожарот животот го загубиле 58 лица, а Синди изјави дека е утврдено оти се работи за најмалку 79 загинати лица. Тој додаде дека билансот на смртно настраданите би можел да се зголеми со оглед на тоа што истрагата и понатаму трае во кулата Гринфил.
„Тешко е со зборови да се опише штетата што пожарот ја предизвика во објектот. Во тек е опсежна истрага за причините за избивањето на пожарот“, изјави Синди.
Британските власти вчера соопштија дека материјалите користени за обновување на кулата Гринфил би можеле наскоро да бидат забранети за употреба во таа земја.