Ekip
15 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
КАБУЛ (АА) - Авганистанските власти го ревидираа бројот на убиените припадници на ДЕАШ во нападот со „мајката на сите бомби” (MOAB) кој се случи во четвртокот, велејќи дека до денес бројот се зголемил на 92 припадници, јавува Anadolu Agency (AA).
Владата на авганистанската источна покраина Нангархар во која падна бомбата, денес соопшти дека најновите проценки велат дека штетата која е нанесена на терористичката група е многу поголема отколку што се мислело. Ден претходно, Министерството за одбрана на Авганистан се огласи со соопштение дека во нападот на засолниште на ДЕАШ се убиени 36 нивни борци, а дека мрежите на пештерите и тунелите во планиниското подрачје на Ачин се уништени.
Атаула Хогјани, портпаролот на Владата на Нангархар, изјави дека по нападот со бомбата започнала интензивна операција на чистење во Ачин. Тој потврди дека бројот на жртвите се зголемил на 92.
Според наводите на Министерството за одбрана на САД, нападот е извршен во четврток изутрина во 7.32 часот по локално време. Бомбата е фрлена од бомбардер МЦ-130.
Бомбата ГБУ-43 е позната и под називот МОАБ (Massive Ordianance Ariblast Bomb), а се нарекува и мајка на сите бомби. Ова е прв пат американските сили да го користат тој проектил, кој важи за најголема ненуклеарна бомба на боиштето.