Dejan Maksimoviç
02 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
ЛОНДОН (АА) - Лиам Хевитсон (22) почина во Престон откако го нападна песот на неговата девојка, јавува Anadolu Agency (AA).
Хевитсон добил тешки повреди од питбул териер, по име Тигар, кој го нападнал. Неговата девојка Џесика Хил, сопственичка на песот, за британските медиуми рече дека е толку потресена што не е во можност да каже било што и додаде дека многу го сака и дека многу ќе и недостасува.
Околу три часот по полноќ полицијата ќа повикала екипата на брза помош да дојде на адресата во улицата Дандоналд, бидејќи момчето го каснал песот.
"Лекарската екипа се обиде на лице место на несреќното момче да му пружи помоќ, но тој починал од добиените повреди", соопшти полицијата.
На почетокот се мислеше дека Хевитсон го усмртил неговиот сопствен пес , но полицијата покасно наведе дека мисли дека песот е во сопственост на неговата девојка. Песот по трагичниот настан е однесен во ветеринарска станица.