Ömer Musa Targal
03 Јуни 2016•Ажурирај: 05 Јуни 2016
БУЕНОС АИРЕС (АА) - По штрајкот кој го воведоа членовите на Федерацијата на бизниси поврзани со нафта, гас и биоaктивни материи, по протестот за владината политика за гас, Владата на Аргентина беше приморана да се откаже од овие измени, пренесува Anadolu Agency (AA).
За локалната радио-станица "Continental" во врска со овие настани зборуваше привремениот претседател на парламентот, Федерико Пинедо.
„Грешки се направени, но ќе ги исправиме“, изјави Пинедо.
Пинедо, кој е во парламентот како член од партијата на претседателот на државата, Маурисио Макри, изјави дека воопшто не очекувале дека зголемувањето од 0,2 отсто ќе предизвика толкаво незадоволство.
По зголемувањето на цената на гасот од страна на Владата на Макри, компаниите кои произведуваат гас на островите Огнена земја, во вторникот започнаа штрајк за намалување на цената на гасот.
Поради штрајкот, во Аргентина на ниво на целата земја намалена е понудата на гас за 16 милиони кубни метри. По штрајкот, во вторникот, аргентинското раководство ја повлече одлуката за ограничено користење на природниот гас, насочена кон производителите и индустриските потрошувачи.
Регулаторот на природниот гас во Аргентина, го прекина доводот на гас на поголемиот дел од компаниите, "Enargas" им се обрати на работниците штрајкувачи од компаниите за нафта и природен гас. По препораката на "Enargas" индустриските потрошувачи својата потрошувчка да ја намалат на нула, дадоа нова изјава, во која се бара тие да продолжат со своите активности и потрошувачкатa да се задржи на минимално ниво.