Haydar Karaalp
28 Јуни 2021•Ажурирај: 29 Јуни 2021
БАГДАД (АА) - Владата на Ирак соопшти дека американските сили извршиле напад врз милитантите на „Хашд ал Шаби“ на ирачката граница со Сирија и го оцени нападот како повреда на државниот суверенитет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јахја Расул, воениот портпарол на ирачкиот премиер и командант на Вооружените сили, Мустафа ал Кадими, упати соопштение по повод американскиот напад врз милитантите на „Хашд ал Шаби“ на ирачко-сириската граница.
„Го осудуваме и отфрламе американскиот напад врз ирачко-сириската граница извршен синоќа. Овој напад, во согласност со сите меѓународни договори, претставува очигледно и неприфатливо кршење на ирачкиот суверенитет и национална безбедност“, изјави Расул.
Тој истакна дека е неприфатливо Ирак да биде нечија сфера на интереси и дека ќе ги спроведат сите потребни истраги на сите нивоа за да не се повторат такви постапки.
Милитантната група „Кетаиб Сајид'ул Шехуд“ поврзана со групата „Хашд ал Шаби“ објави дека четворица нејзини припадници се убиени во нападот што го извршија САД на ирачко-сириската граница.
Погребот на загинатите во нападот ќе биде извршен во Багдад.
Баталјонот „Кетаиб Сајид'ул Шухед“ е ирачка шиитска милиција формирана во 2013 година.