Gülşen Topçu
13 Јуни 2019•Ажурирај: 14 Јуни 2019
ТРИПОЛИ
Владата за национално единство на Либија (UMH) истакна дека е подготвена да се вклучи во директен дијалог со претставниците на „источниот регион“, со исклучок на пензионираниот генерал Калифа Хафтар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писмената изјава на Министерството за внатрешни работи на Владата за национално единство, министерот за внатрешни работи, Фетхи Башага, се состана со делегација на амбасадори на европските земји во канцеларијата на ЕУ во Тунис.
Во писмената изјава се истакнува дека на состанокот, покрај продолжувањето на дијалогот помеѓу страните во Либија, се разговарало и за последните случувања во главниот град Триполи.
„Владата за национално единство на Либија (UMH) не сака да има дијалог со Хафтар, но подготвена е на директен дијалог со претставниците на источниот регион“, рече Башага.
Башага, исто така изјави дека Хафтар не е подготвен за дијалог и дека тој размислува само за неговите лични интереси.
Силите на Хафтар контролираат голема површина во источна Либија.
Генерал Халифа Хафтар, лидер на воените сили од источниот дел на Либија, на 4 април издаде наредба за заземање на главниот град Триполи, по што единиците на Владата на национално единство на Либија ја започнаа операцијата „Буркан ал Гадаб“ (Вулкан на гневот).
Судирите меѓу единиците на Претседателството на советот на Владата на национално единство на Либија (UMH), признаени од меѓународната заедница и силите поврзани со Хафтер во Либија, продолжуваат повеќе од два месеца.