Sayed Khodaberdi Sadat
09 Октомври 2019•Ажурирај: 10 Октомври 2019
КАБУЛ (АА) - Кабинетот за национална безбедност на Авганистан соопшти дека во јужниот дел на земјата е убиен Асим Умар, еден од лидерите на терористичката организација Ал Каеда, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека Умар е убиен со уште шест терористи во кампот во Хелманд во кој се обучуваат терористите на Ал Каеда и талибанските милитантски групи.
Асим Умар беше лидер на огранокот на Ал Каеда на индискиот потконтинент.
Терористите на Ал Каеда досега не ги коментираа наводите од Кабул.