Mustafa Melih Ahıshalı
14 Јануари 2019•Ажурирај: 15 Јануари 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Најмалку 16 лица загинаа во авионската несреќа што утринава се случи во Иран, пренесува Anadolu Agency (AA).
Авионот „Боинг 707“ на киргистанска компанија се урна при слетувањето на аеродромот „Фатх“ во иранскиот град Караџ, сместен околу 40 километри западно од Техеран.
Иранската државна телевизија јавува дека во несреќата загинале најмалку 16 лица, а дека едно лице преживеало. Станува збор за товарен авион кој од Бишкек летал во Караџ и на аеродромот „Пејам“.
Поради проблеми во летот авионот се обидел принудно да слета на аеродромот „Фатх“, исто така во Караџ, и паднал во населено место.
Пожарот зафати неколку куќи во населбата. На местото на несреќата пристигнаа голем број пожарникарски, амбулантни и полициски екипи, а во наредните часови се очекуваат подетални информации за причините и последиците од несреќата.