Sayed Khodaberdi Sadat
30 Декември 2018•Ажурирај: 30 Декември 2018
КАБУЛ (АА) - Во авганистанската источна покраина Нангархар реализирана е операција против терористичката организација ДЕАШ, во која се убени 16 припадници на оваа организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на гувернерството на Нангархар, Атаула Хогјани, во изјава за АА истакна дека безбедносните сили извршиле воздушна и копнена операција против терористичката организација ДЕАШ во подрачјето на Ачин во Нангархар.
Хогјани информираше дека во рамки на операцијата убиени се 16 припадници на ДЕАШ, меѓу кои е и еден од лидерите на оваа организација, Хатаб Баџури.
Тој нагласи дека во операцијата не им е нанесена штета на цивили.