Sayed Khodaberdi Sadat
27 Ноември 2018•Ажурирај: 27 Ноември 2018
КАБУЛ (АА) - Во бомбашкиот напад врз американските војници, кои се дел од мисијата на НАТО, во авганистанската покраина Газни, животот го загубија тројца американски војници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на единиците на НАТО во Авганистан, тројца американски војници загинале во експлодирањето на бомба поставена покрај патот во близина на центарот на градот Газни.
Се вели дека во овој напад се повредени и тројца американски војници кои потоа биле пренесени во болница.
Се истакнува дека идентитетот на војниците нема да биде објавен во следните 24 часа.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.
Во Авганистан се наоѓаат 14.000 американски војници.