Sayed Khodaiberdi Sadat
17 Јуни 2021•Ажурирај: 21 Јуни 2021
КАБУЛ (АА) - Четири лица го загубија животот во нападот извршен со возило бомба во областа Девлет Абад, во авганистанската северна покраина Балх, јавува Агенција Анадолија (АА).
Управителот на околијата Абад, Џелалетин Каризаде, во изјавата за медиумите рече дека напад со возило бомба бил извршен во близина на зградата на седиштето на полицијата во центарот на градот.
Каризаде информира дека во нападот животот го загубиле тројца цивили и еден припадник на безбедносните сили, а едно лице е повредено. Тој истакна дека од разорната моќ на експлозијата уништени се куќите и јавните објекти во околината.
Управителот Каризаде ги обвини Талибанците дека се одговорни за нападот.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Додека мировниот процес е на сила, продолжуваат нападите во земјата.
Од почетокот на мај досега, со повлекувањето на странските сили, се забележува зголемување на насилствата во Авганистан.
Авганистанскиот совет за национална безбедност минатата недела објави дека Талибанците извршиле 1.455 напади во мај.
Талибанските милитанти ја презедоа контролата над 15 дистрикти во Авганистан во последните два месеци.