Mohammad Sio
03 Јули 2026•Ажурирано: 03 Јули 2026
Бројот на загинати во вчерашниот бомбашки напад врз кафуле во центарот на Дамаск се искачи на десет лица, соопшти денеска сириското Министерство за здравство, јавува Анадолу.
Во експлозијата, предизвикана од импровизирана експлозивна направа поставена внатре во објектот во областа Ал-Хиџаз, во близина на Палатата на правдата, повредени се 21 лице, пренесе сириската државна телевизија „Алихбарија“, повикувајќи се на податоци на Министерството.
Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, а надлежните органи започнаа истрага.
Нападот се случи во период кога новите сириски власти настојуваат да ја зајакнат безбедноста и да ја вратат стабилноста по падот на режимот на Башар ал-Асад во декември 2024 година.
Сириските власти во повеќе наврати ги обвинија припадниците на поранешниот режим и поврзаните групи за обиди за дестабилизација и саботажа на преодниот период во земјата.
Официјални лица наведуваат дека во изминатите месеци безбедносните сили спречиле повеќе заговори и привеле осомничени членови на овие мрежи.