Sayed Khodaberdi Sadat
27 Декември 2018•Ажурирај: 28 Декември 2018
КАБУЛ (АА) - Во воздушни напади во Авганистан убиен е Султан Азиз Азам, еден од највисоките припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Азам беше еден од најпознатите припадници на терористичката организација ДЕАШ во Авганистан, а се претставувал како гласноговорник на оваа организација.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Насрат Рахими, соопшти дека Азаз е убиен во воздушните напади кои авганистанските сили ги извршија заедно со сојузниците.
Тој соопшти дека во нападот се убиени уште тројца телохранители на Азам.
Локалните медиуми наведуваат дека Азам е убиен во напад на подрачјето на источната област Нангахар.