Mesut Zeyrek
01 Февруари 2023•Ажурирај: 02 Февруари 2023
КЕЛН (АА) - Во Германија е приведено лице осомничено за убиство на три жени во градот Швабиш Хол во сојузната покраина Баден-Виртемберг, пренесува Анадолија.
Полицијата соопшти дека специјалци го фатиле лицето осомничено за убиството на три постари жени во подрачјето на Швабиш Хол.
Минатата недела 89-годишна жена е пронајдена мртва во својот стан во местото Михелбах ан дер Билц.
Во октомври 2020 година жена на возраст од 94 години и во декември 2022 жена на возраст од 77 години се пронајдени мртви во своите станови кои биле блиску еден до друг.
Полициските инспектори ја продлабочија истрагата бидејќи имало сличности во трите инциденти.
Полицијата информира дека приведеното лице е осомничено за трите убиства.