Amina Zorniç
02 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Телата на познатиот американски планинар и снимателот на експедицијата кои пред повеќе од 16 години останаа затрупани во лавина пронајдени се на Хималаите, јавува Anadolu Agency (AA).
Американските планинари Алекс Лоу и Дејвид Бриџес исчезнаа во лавина на 5-ти октомври 1999 година.
Оваа вест ја потврди вдовицата на Лоу која во пишаното соопштение наведе дека телата ги пронашле двајца планинари во обид, исто како и Лоу и Бриџес, да се качат на кинеската планина Шишапангма, 14-та највисока планина во светот, каде што ги откриле останките на двете лица во еден од глечерите.
Планинарскиот пар, опишувајќи го изгледот на пронајдените тела, планинарската облека и ранците, потврдија дека станува збор за двајцата исчезнати пред повеќе од 16 години.
Инаку, Лоу во времето кога загина важеше за најдобар планинар на светот, кој врвот Монт Еверест го освои двапати. Губејќи го својот живот во 40-та година во тоа време го нарекуваа „бели дробови со нозе”, поради неверојатната сила и издржливост.
Бриџес, кој загина во 29 година од животот, беше исто така планинар и снимател.