ЃУМУРЏИНА (AA) – МЕХМЕТ ХАТИПОГЛУ –
Во Грција денес постојат сериозни проблеми во зачувувањето на османлиско-исламските историски објекти, поголемиот дел од објектите што припаѓаат на османлискиот период и кои опстојуваат до ден денес се користат надвор од вистинските цели за кои се наменети, пишува Агенција Анадолија (АА).
Во годините по осамостојувањето на Грција, многу османлиско-исламски историски објекти започнаа да се користат како воени затвори, кина, изложбени простори, места за сместување, како згради за вилајети или како магацини, а десетици џамии беа затворени за богослужба, од кои некои пак беа претворени во цркви.
Некои од градбите изградени за време на отоманскиот период беа обновени и наведено е дека се „византиски“. Многу од објектите кои беа напуштени и оставени на нивните судбини, се уништија со текот на времето.
Џамијата Фетије, во главниот град Атина, за која е прифатено дека е изградена од Фатих Султан Мехмет во 1458 година од отоманскиот период, се користи како изложбена сала, додека историската џамија Џиздерије, која е затворена во поголемиот дел од годината, е музеј за керамика.

Нема ни траги од османлиско-исламските историски објекти, како што се Новата (Yeni) џамија, Куполната (Kubbeli) џамија, Ич Кале џамија, училиштето „Мехмед Војвода“, теќето „Хусејин Ефенди“ и амамот „Хаџи Али“, регистрирани во архивите и годишните книги.
Од стотици џамии кои постоеле пред еден век во Солун, вториот по големина град во Грција, денес се останати во мал број, и истите се затворени за богослужба.
Во Солун не постои џамија која е отворена за богослужба. Џамијата Хамза бег во Солун, која е изградена во 1467 година, долго време се користела како кино. Во последните години е затворена поради напорите да биде претворена во музеј.
Џамијата Алаџа Имарет во Солун, која е изградена во 1484 година и која успеа да остане како османлиски историски објект, денес служи како музеј.
Минарето на Новата џамија, изградена во 1904 година откако Солун влегол под администрација на Грција, било уништено и била затворена за богослужба. Таа е користена за престој на имигрантите за време на размената на населението меѓу Турција и Грција. Денес служи како изложбена сала на општината.
Белата кула, еден од најважните османлиски споменици во Солун и симбол на градот, е промовирана како „византиско дело“.
- Слични се и судбините на историските објекти во другите градови -
Џамиите и историските градби во многу грчки градови како Јанина, Лариса, Кавала и на Крит продолжуваат да ја делат истата судбина.
Џамијата Еминзаде Хаџи Ахмет Ага, која била изградена пред 1716 година во Караферија (Бер), и местото за богослужба во Караферија, биле претворени во православно место со промените направени во архитектурата во следните години. Додека џамијата Ибрахим паша, изградена во 1530 година во Кавала, била претворена во црква.
Во првиот главен град на Грција, Навплио, џамијата Агапаша еден период служела како зграда на Парламентот, денес е културен центар, додека џамијата Вулефтико е претворена во кино и конференциска сала.
Старата џамија, изградена во Серез во 1385 година, била срушена во 1937 година и на тоа место бил изграден трговски центар.
Џамијата Султан Мустафа изградена во 1578 година на Родос од страна на султанот Мурат III, денес се користи како сала за венчавки.
- Многу џамии од османлискиот период се претворени во музеи -
Џамија Аслан Паша, изградена во 1618 година во Јанина, џамијата Фетије, изградена во Нафпактос во 1499 година, џамијата Вели Паша, изградена во 1789 година во Ираклион, и џамијата Зинџирли, изградена во 16. век во Серез, денес служат како музеи.
Џамиите Реџеп Паша и Мурат Реис на Родос, џамијата Сулејман во Коница, Арапската џамија во Драма, џамијата Куршунлу во Костур, џамијата Емирзаде во Халкида и џамиите Селвили и Јунус бег во Комотини се во урнатини.
Историската Челеби Султан Мехмет џамија во Источна Тракија, еден од најзначајните архитектонски и верски споменици на Балканот и Европа, сè уште чека да биде обновена, откако беше оштетена во пожар во 2017 година.
Теќето Пошпош, изградено во Ѓумурџина за време на султанот Мурат Худавендигар, служело со векови како место за сместување, кујна и месџид за имигрантите. Во 1990-тите години од страна на Општина Ѓумурџина била срушена за да се изгради објект за сместување на имигрантите од Понт.
Народната кујна „Гази Евренос бег“, која се наоѓа во центарот на Ѓумурџина, била претворена во електроцентрала откако бил срушен ѕидот. Потоа била обновена, а на влезот билa поставена статуа од времето на хеленистичкиот период. А потоа била претставена како историски објект од византиско време.