Alma Dekovic
29 Декември 2021•Ажурирај: 29 Декември 2021
ЏУНО (AA) - Невообичаените временски услови на Алјаска ги донесоа дневните температури на повеќе од 15,5 степени Целзиусови, што досега е највисоката декемвриска температура некогаш регистрирана во таа американска сојузна држава, јавува Агенција Анадолија (АА).
„На островот Кодиак, температурата на воздухот во неделата достигна рекордни 19,4 степени Целзиусови, поставувајќи нов температурен рекорд во декември на Алјаска“, рече научникот Рик Томан од Центарот за климатска политика и проценка на Алјаска.
Тој оцени дека временските услови на Алјаска овој декември се „апсурдни“, јавува „Гардијан“ (The Guardian).
Декември вообичаено е студен месец во внатрешноста на Алјаска, без врнежи, бидејќи вообичаениот леден воздух не може да задржи многу влага, но во изминатите денови преовладуваше време со обилни дождови.
Томан потсети дека областа Фербенкс била погодена од најсилната дождовна бура со просечни количества на врнежи кои не се регистрирани од 1937 година.