Tufan Aktaş
20 Април 2021•Ажурирај: 22 Април 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Научниците пронајдоа стар вид кафе што може да расте во потопли временски услови и ќе овозможи да опстане индустријата за кафе, која е во опасност поради климатските промени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во студијата објавена во списанието „Nature Plants“, се наведува дека видовите растенија на диво кафе наречени „coffea stenophylla“ одгледувани во Западна Африка, можат да се одгледуваат во просек за 6 степени на потопло време од кафето „аrabica“, што е широко употребувано во светот.
Овој вид кафе, каков што не е виден по 1950-тите години, како резултат на работата на истражувачите од Кралските ботанички градинаи во Кју, Универзитетот „Гринвич“, Организацијата за агрономски истражувања за развој (CIRAD) и Сиера Леоне, повторно е пронајден во шумската област во Сиера Леоне.
Кафето, претставено пред жирито експерти за дегустација на кафе, успеа да добие висока оценка исто како и другите видови кафе во светот.
Се планира овој вид кафе да се огледува во повеќе области и да овозможи да опстане индустријата за кафе, која е во опасност поради климатските промени.