Mehmet Burak Karacaoğlu,Eşref Musa,Adham Kako
11 Февруари 2020•Ажурирај: 12 Февруари 2020
ИДЛИБ (АА) - Припадниците на сириската опозиција соборија хеликоптер на режимот на Башар ал Асад недалеку од местото Серакиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Припадниците на опозициските сили водат борби за враќање на контролата над Серакиб, кој претходно го зазедоа силите на Асад. Во рамките на борбите меѓу селата Нејраб и Афис, уништени се два тенка на силите на Асад, запленети се еден тенк и противавионски топ со калибар од 23 милиметри.
Режимот на Асад и сојузниците на почетокот на месецот, со воздушна поддршка на Русија, го зазедоа Серакиб заедно со околните места.