Anees Suheil Barghouti
20 Ноември 2018•Ажурирај: 21 Ноември 2018
РАМАЛА (АА) - Израелските сили притворија над 900 палестински деца од почетокот на оваа година, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Вкупно 270 деца сѐ уште се наоѓаат во израелските затвори“, пишува во соопштението на Палестинското здружение на затвореници, објавено по повод Меѓународниот ден на децата.
Од Здружението се вели дека децата обично се приведуват во текот на ноќта, додека престојуваат во своите домови.
„Тие се тешко тепани и им се закануваат, со цел да ги натераат да потпишат документи за исповед“, пишува во соопштението.
Меѓународната палестинска организација за одбрана на децата (DCI-P) изјави дека израелските сили од почетокот на оваа година убиле најмалку 52 палестински деца на Западниот Брег и Појасот Газа.
Во соопштението, палестинскиот огранок на невладината организација на Палестина со седиште во Женева, соопшти дека во блокираниот Појас Газа се убиени 48 лица, додека останатите убиства се случиле на Западниот Брег, окупиран од Израел.
Невладината организација ја обвини израелската Војска за употреба на прекумерна сила, вклучувјќи вистински куршуми против децата.
Според Здружението на палестински затвореници, во моментов околу 350 малолетни Палестинци се наоѓаат во израелските центри за притвор.