Mahmoud Mohamed Barakat,Ekip
13 Јануари 2021•Ажурирај: 14 Јануари 2021
ДЕИР ЕЗ-ЗОР/БАГДАД (АА) - Израелските воени авиони денеска извршиле воздушни напади во источна Сирија, во кои загинале најмалку 25 лица, тврдат сириски и ирачки извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локални извори за АА изјавија дека цел на израелските воздушни напади биле неколку локации на проиранските шиитски фракции во Деир ез-Зор.
Утринава, сириската државна новинска агенција САНА, повикувајќи се на воен извор, соопшти дека нападите биле насочени кон градот Деир ез-Зор и дистриктот Ал-Букамал во југоисточна Сирија, во близина на ирачката граница.
Агенцијата не даде повеќе детали за целите или за евентуални жртви.
Ирачки воен извор изјави дека израелските напади биле насочени кон позиции на силите на сирискиот режим и проиранските милиции долж границата меѓу Сирија и Ирак.
Изворот наведе дека во нападите загинале 13 лица, а десетици се повредени.
Од сириската Армија нема коментар во врска со нападите.
Минатиот месец израелската Армија соопшти дека во 2020 година извршила напади на 50 позиции во Сирија.
Израелските воени авиони често спроведуваат воздушни напади во источна Сирија, каде што воено се присутни проиранските групи.