Nour Mahd Ali Abuaisha,Zeynep Tüfekci Gülay
29 Март 2025•Ажурирај: 30 Март 2025
Во нападите на израелската армија врз различни делови на Појасот Газа, убиени се 5 Палестинци, меѓу кои и едно дете, а голем број се повредени, известува Анадолу.
Според информациите добиени од здравствени извори, воени авиони на израелската армија гаѓале камп во регионот Кајзан ал-Наџар, источно од градот Хан Јунис на југот на Појасот Газа, во кој престојувале бегалци.
Во нападот се убиени тројца Палестинци, меѓу кои и едно дете.
Дирекцијата за цивилна одбрана објави писмено соопштение, во кое наведе дека цивили биле бомбардирани во округот Аш-Шуџаије, источно од град Газа.
Во нападот се убиени двајца Палестинци, а многумина се повредени.
Цел на напад било и паркирано возило во град Беит Лахија, во кој се повредени голем број луѓе.
Очевидци информираа дека израелските артилериски единици наизменично гранатирале различни делови на Газа.
Од обновувањето на напади врз Појасот Газа на 18 март, со што беше прекршен прекинот на огнот постигнат на 19 јануари, израелските сили убија 921 Палестинец и повредија 2.054.
Бројот на убиени Палестинци во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 50.277, а бројот на повредени достигна 114.095.
Се ставува дека под урнатините во Појасот Газа сѐ уште има илјадници мртви.