Haydar Karaalp
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
БАГДАД (АА) – На антивладините протестите во Багдад, главниот град на Ирак, кои повторно започнаа доцна синоќа, како резултат на отворањето оган од страна безбедносните сили две лица го загубија животот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според локалните извори и очевидци, безбедносните сили користеле вистински куршуми за време на демонстрациите што започнаа повторно на централниот плоштад „Тахрир“ во Багдад.
Во интервенцијата на безбедносните сили загинаа двајца демонстранти, а десетици се повредени.
Демонстранти, кои преку социјалните мрежи во живо пренесуваа од протестите, рекоа дека безбедносните сили не им дозволиле на амбулантните возила да влезат на плоштадот и повредените да ги пренесат во болница.
Ирачките граѓански активисти преку социјалните мрежи го повикаа премиерот Мустафа ал Казими да преземе нешто во врска со случувањата.
Од Владата сè уште не се произнесе во врска со настаните.