Tolga Akbaba
30 Декември 2018•Ажурирај: 31 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Во акција во југоисточниот дел на Иран запленети се 4 тони и 647 килограми наркотици, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мухамед Ганбери, шефот на полицијата во Систан и Белуџистан, истакна дека по дојава, во градот Захидан е организирана акција против криумчарите на дрога.
Регионалната полиција за борба против трговијата со дрога следела три возила и реагирала во моментот кога требало да дојде до примопредавање.
Ганбери за иранската новинска агенција ИРНА рече дека шверцерите отвориле оган врз полицијата, а во акцијата биле приведени четири лица.
Во акцијата се запленети над 4 тони опиум, 361 килограм хероин и 129 килограми морфиум.