Tufan Aktaş
23 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
АДИС АБЕБА (АА) - Најмалку 7 ученици ги загубија своите животи под остатоците од училницата што се урна во училиште во Најроби, Кенија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Црвениот крст на Кенија споделено преку социјалните медиуми се истакнува дека во утринските часови во училиште во главниот град се урнала училница, а учениците останале под урнатините.
Во изјавата во која се споделени и фотографии од настанот се истакнува дека 4 ученици се спасени и дека операцијата за пребарување и спасување продолжува.
Полицијата на Кенија пак, соопшти дека најмалку 7 ученици ги загубиле своите животи.