Dmitri Chirciu
22 Ноември 2019•Ажурирај: 23 Ноември 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот суд го затвори здружението „Беритан“, кое наводно ги брани правата на курдските жени, и е блиско до терористичката организација ПКК/ЈПГ, со образложение дека е ангажирано во политички активности, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според прес-службата на Врховниот суд на Република Адигеја поврзана со Русија, стопирани се активностите на здружението „Беритан“ блиско со терористичката организација ПКК/ЈПГ.
„Здружението е затворено поради своите политички активности. Тоа е против нивниот статут и законите на граѓанското општество на Русија“, се нагласува во соопштението.
Исто така, соопштено е дека претставниците на Здружението учествуваат во активностите на Курдската демократска партија во Ирак и даваат политички изјави за Турција.
Здружението „Беритан“ е основано во 2015 година во регионот Белоје, Република Адигеја.