Muhammed Shekh Yusuf,Mahmut Geldi
16 Август 2016•Ажурирај: 17 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR), сопшти дека во руските напади над сириската територија последните 10 месеци животот го изгубиле 2.704 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на Мрежата (SNHR), од 30 септември 2015 до 1 Август 2016 година, како последица на руските напади во Сирија животот го изгубиле 764 деца и 514 жени, а вкупната бројка на загинати достигнува на 2.704 цивили.
Во руските напади врз градот Алепо убиени се 1.178 лица и претставува град каде што има најголем број загинати цивили, во градот Идлиб 652 лица, во Дејруз 331 и во Хумус 192 лица.
Освен ова во изештајот се потенцира дека Русија ги има прекршено Резолуциите 2139 и 2254 на Советот за Безбедност на Обединетите Нации со коишто е предвидено доставување на хуманитарна помош и привремено примирије.
Во извештајот се наведува и изјавата на председателот на Сириската мрежа за човекови права, Фадл Абдулгани, кој што вели дека „Ниту руската влада ниту Собранието немаат покренато постапка за истрага во врска со кривичните дела. Ова покажува дека не им се важни животите на Сиријците, којшто умираат”, изјави тој.
Абдулгани соопшти дека им пренел на руските компетентни органи да отворат истрага во врска со извршените напади во Сирија од страна на Русија.
Од Министерството за надворешни работи на Русија соопштија дека започнатите воздушни напади на 30 септември на сириската територија се насочени против терористичката организација ДАЕШ.