Sayed Khodaberdi Sadat
17 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
КАБУЛ (АА) - Бројот на жртвите во самоубиствениот напад во Џалалабад во Авганистан, во кој се ранети 45 лица, се зголеми на 14, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Канцеларијата на гувернерот на провинцијата Нангархар, Атаулах Когјани, изјави дека напаѓачот, пред зградата во која се наоѓа канцеларијата на гувернерот, активирал експлозивна направа која ја имал на себе.
Според неговите зборови, нападот, за кој сè уште никој не презеде одговорност, се случил на крајот на програмата организирана по повод празникот Бајрам.
Во сличен напад кој вчера со случи во Рудат, Нангархар, загинаа 20 лица.
Претседателот на Авганистан, Ашраф Гани, претходно соопшти дека со Талибанците било договорено повеќедневно примирје, кое ќе биде завршено на 19 јуни.