Zehra Ulucak,Gökhan Varan
11 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
АНКАРА
Бројот на заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19) надмина 37,4 милиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според последните податоци на интернет-страницата „Worldometer“, која го објавува ажурираниот преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, бројот на случаите на заразување е зголемен на 37.475.839.
Во светот досега од последиците на заразувањето со коронавирусот починаа 1.077.594 лица, оздравеа повеќе од 28,1 милион, а бројот на активните случаи изнесува повеќе од 8,2 милиони.
Со пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД) со повеќе од 7,9 милиони заразени лица. Починаа 219.282 лица.
Меѓу десетте земји во светот со најголем број заразени се наоѓаат и Индија (7.053.806), Бразил (5.091.840), Русија (1.285.084), Колумбија (902.747), Шпанија (890.367), Аргентина (883.882), Перу (846.088), Мексико (814.328), Франција (718.873) и Јужноафриканската Република (690.896).
Меѓу десетте земји, по САД, со најголем број смртни случаи од Ковид-19 се Бразил (150.236), Индија (108.371), Мексико (83.642), Велика Британија (42.760), Италија (36.140), Перу (33.223), Шпанија (32.929), Франција (32.637), Иран (28.293) и Колумбија (27.660).