Islam Uddin
03 Февруари 2023•Ажурирај: 05 Февруари 2023
ИСЛАМАБАД - Најмалку 17 лица загинаа, меѓу кои има жени и деца, а две се повредени во сообраќајна несреќа во северозападниот дел на Пакистан, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Патничко комби коe се движелo од градот Лаки Марват кон Пешавар, синоќа се судрилo со камион на автопатот Индус во близина на наплатната рампа на тунелот Кохат.
Полицијата и екипите на Итната медицинска помош се наоѓаат на местото на несреќата.
Поголемиот дел од телата биле непрепознатливи. Според првичните информации, причина за несреќата е дефект во кочниците на камионот, објави локалната полиција.