Sümeyye Dilara Dinçer
14 Септември 2021•Ажурирај: 15 Септември 2021
АНКАРА (АА) - За време на годишниот фестивал „Гриндадрап“, што се одржува секоја година на Фарските Острови, автономен регион на Кралството Данска, убиени се 1.428 китови и делфини, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми соопштија дека 1.428 животни се убиени од страна на локалното население оваа година, во традицијата на лов на делфини и китови наречена „Гриндадрап“, што датира од 1500-тите години.
Се проценува дека годинава на Фарските Острови се убиени 1.428 китови и делфини, што е највисока бројка од почетокот на традицијата.
Во традицијата што трае од 1584 година, евидентирано е дека најмногу китови и делфини досега биле убиени во 2013 година. Тогаш се убиени 430 китови и делфини.
Традицијата продолжува да се осудува од екологистите низ светот.
- Фарски Острови -
Фарските Острови со површина од 1.339 квадратни километри се наоѓаат помеѓу Норвешка, Шкотска и Исланд во северниот дел на Атлантскиот Океан. На Фарските Острови, што се автономен регион на Кралството Данска, живеат приближно 50 илјади луѓе.
На Фарските Острови, чиј главен град е Торсхавн, покрај сточарството, риболовот е најважниот извор на приход.