Alaattin Doğru
21 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
ПАРИЗ
Изјавата на францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, дека се чувствува непријатно кога во маркетите ќе ги види рафтовите со халал производи, предизвика реакција на социјалните мрежи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Коментирајќи ги изјавите на Дарманин дадени за телевизијата БФМТВ (BFMTV), корисниците на социјалните мрежи наведоа дека според логиката на министерот за внатрешни работи, од рафтовите треба да биде отстрането и француско сирење.
Друг корисник на социјалните мрежи наведе дека за да се избегне формирање на незаконска религиозна заедница, повеќе не треба да се јадат ниту италијанска пица, јапонско суши, кинески тестенини и турски ќебап, туку да се консумираат само француските јадења.
- „Тие што јадат халал ќе се поистоветуваат со терористи“
Еден од корисниците на социјалните медиуми во својотата објава истакна дека би сакал да се потсмева со непријатноста што ја чувствува министерот, но наведе дека суштината целиот проблем е многу полоша од она што е кажано и дека вистински сепаратизам е да се чувствуваш непријатно од рафтовите за халал производи во маркетите.
Корисниците на социјалните мрежи предупредија дека следниот чекор на Владата во Франција ќе биде изјавата „Тие што јадат халал ќе се поистоветуваат со терористи.“
Од друга страна, во Франција, на Твитер, етикетите #DarmaninDemission и #halal, кои бараат оставка од министерот за внатрешни работи, станаа Trend Topic/TT.
Еврејската унија за мир (UJFP) посочи дека француската администрација сака да го легитимира расизмот, користејќи фанатици кои не се одраз на целата религија.
„Вистински сепаратизам е да се создаде злоба против некои групи во нашето општество само затоа што тие се муслимани“, се вели во соопштението на Еврејската унија за мир.