09 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
МОСКВА (АА) - На Црвениот плоштад во Москва се одржа воена парада по повод одбележувањето на 75. годишнина од победата над фашизмот, крајот на Втората светска војна и поразот над нацистичка Германија, јавува Агенција Анадолија (AA).
На парадата беа претставени летови со хеликоптери и авиони, без посетители, за разлика од претходните години, поради воведените мерки против пандемијата на коронавирусот.
Низ Европа денес се одбележува 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа и почетокот на Европската Унија (ЕУ).
Во земјите на ЕУ се придава посебна важност на Денот на Европа, додека во Русија се одбележува како Ден на победата во Втората светска војна.